Ученици од ООУ Гоце Делчев на средба со градоначалникот Делков PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната наставна програма по предметот Општество, над 60 ученици од 3 паралелки од 4-то одделение при ООУ Гоце Делчев остварија средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Целта на посетата беше запознавање на учениците со седиштето на локалната заедница и начинот на нејзиното функционирање, сето тоа низ директен разговор и поставување прашања до градоначалникот Делков за тоа како работи локалната самоуправа, кои се проблемите на граѓаните и на кој начин истите се решаваат. Задоволувајќи ја нивната љубопитност, градоначалникот Делков им одговори на сите поставени прашања, ги запозна со неговото и дејствувањето на органите и телата на општина Неготино, како што самиот истакна се во интерес Неготино да биде поубаво место за живеење за сегашните и идните генерации граѓани на општината.