Се поставуваат нови метални столбчиња за побезбедно движење на пешаците PDF Print
There are no translations available.

 Општина Неготино започна со реализација на уште една активност од проектот „Мојот убав град“ на градоначалникот Тони Делков со која се поставија 100 метални столбчиња на потегот од Стоковната куќа до семафорите. Истите согласно пропишаните норми се поставуваат на оддалеченост од 1,30 метри, а основната цел е со столбчињата да се спречи паркирањето возила на тротоарите и да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците. Стручните служби при локалната самоуправа информираат дека вакви метални столбчиња ќе бидат поставени и на самиот градски плоштад на местото на старите и оштетени од дотурот на стока од тешки товарни возила, а исто така метални столбчиња ќе бидат поставени и пред ООУ„Гоце Делчев“ во нашиот град. Инаку, со  проектот „Мојот убав град“ и спроведувањето на планираните активности. ќе се придонесе за создавање нови и поголеми зелени површини во градот, хортикултурно уредување, зголемена проодност на тротоарите, изградба на нови детски игралишта, создавање побезбеден пристап на учениците до училиштата, поплочување на помали улички со бекатон плочки, уредување на влезот и излезот од градот и многу други активности.