Општина Неготино продава парцели за изградба на објекти за индивидуално домување PDF Печати

   Врз основа на усвоениот Детален урбанистички план Неготино за Урбана заедница 5, Урбан блок 5.1 КО Неготино од страна на Советот на општина Неготино, локалната самоуправа Неготино ја информира јавноста дека е објавена Објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање, односно објавена е продажба на 4 градежни парцели со намена А1 за индивидуално домување. Станува збор за парцели со поединечна површина од 257 м2, потоа 252 м2, 376 и последната парцела е со површина од 437 м2, а сите заинтересирани физички и правни лица за нивно купување поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk со доставување на банкарска гаранција. Почетната цена по метар квадратен за сите 4 парцели понудени на продажба изнесува 61 денар, а јавното наддавање ќе се одржи на 13-ти април, оваа година, со почеток од 10, 11, 12 и 13 часот за секоја парцела поединечно и истото ќе трае по 15 минути. Подетални информации за продажбата на парцелите сите заинтерсирани правни и физички лица можат да добијат на официјалната веб страна на општина Неготино www.negotino.gov.mk или кај стручните служби во локалната самоуправа.