Голема еко-акција во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во Неготино PDF Печати

   Ниту неповолните временски услови не беа пречка учениците и вработените во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во соработка со вработените во ЈП„Комуналец“, а во координација со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,  да ја реализираат големата еко-акција која се спроведе во кругот на неготинското средно училиште. Како што информираше директорката на училиштето Менче Зафирова станува збор за активност која се одвива согласно годишната Програма за работа на училиштето, при што беше извршено засадување на 400 чемпреси обезбедени од ЈП„Македонски шуми“  кои се поставени во форма на заштитна ограда на училишниот двор, а паралелно вработени во неготински Комуналец со работна рака и поддршка од механизација извршија расчистување на сметот од училишниот двор и поблиската околина. Локалната самоуправа го обезбеди неопходниот геодетски премер кој ќе претставува основа за одвивање на идни вакви и слични активности, бидејќи според директорката Зафирова, акцииите за уредување на просторот околу училиштето ќе бидат присутни и во иднина, со намера за оформување на нова парковска површина, поставување урбана опрема и хортикултурно уредување на просторот.