Рапределени средствата за спортските клубови од општината за 2018 г. PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, на одржаната Седница на Советот на општина Неготино на 13 март врз основа на претходно објавената методологија беа распределени средствата за поддршка на спортските клубови од општината. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000 денари, беа распределени по систем на бодување на сите 16 пријавени спортски клубови од Општина Неготино врз основа на три критериуми содржани во методологијата:

1.      Првенство (сениорско) во кое настапува клубот;

2.      Младинска школа (број на категории кои работат во истата);

3.      Масовност (вкупен број на членови во клубот)

На клубовите кои собираат средства по основ на членарина од своите членови, при извшеното бодување им беа одземени соодветен број на бодови, што влијаеше за намалување на одобрените средства на истите во висина на износот кој го собираат по основ на членарина. На овој начин по еден подолг временски период спортските клубови од Општина Неготино добија средства за сопствено егзистирање и непречена работа, преку правична распределба на планираните средства во буџетот на годишно ниво. Воспоставената практика ќе продолжи да се спроведува и во иднина, со напомена дека Градоначалникот и Советот на општината во наредните години ќе направат напори за обезбедување на повеќе средства за оваа намена, со што спорските кулубови ќе добијат поголема поддршка за раеализација на планирание активности.