Се носи нов ГУП за создавање услови за изградба на кружни текови и паркинг-простор PDF Print
There are no translations available.

  Имајќи предвид дека постоечкиот Генерален урбанистички план на општина Неготино не е променет од 2002 година или точно 15 години, по налог на градоначалникот Тони Делков стручните служби пристапија кон изработка на нов ГУП со опфат на целиот град Неготино и пошироко. Големината на планскиот опфат изнесува 545,12 хектари, во најголем дел се движи по границите на катастарските парцели, а со изработката на ГУП-от треба да се обезбедат површини за градба за планираните намени во согласност со важечките стандарди и прописи. Како што истакнува градоначалникот Делков, по усвојувањето на новиот ГУП ќе се создадат услови за изготвување сообраќајно решение за градот со изградба на кружни теков (3), нови паркинг простори, како и промена на намените кои се усогласуваат со барањата на физичките и правните лица кои се во рамките на законската регулатива. Делков додава дека со изработката на овој ГУП треба да се овозможат услови за градба на објекти кои ќе овозможат позитивни ефекти со својата функција врз непосредното опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот, со крајна цел остварување економски ефекти манифестирани преку привлекување инвеститори и изградба на стопански капацитети и отворање на нови работни места и урбанизација, развој и напредок на населените места. Инаку, со ГУП се планираат примарната инфраструктура и наменските зони во градот, а пак врз основа на усвоениот ГУП се изработуваат Деталните урбанистички планови.