ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ НЕГОТИНО – КУРИЈА PDF Print
There are no translations available.

   Премиерот на Владата на РМ Никола Груевски, директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба го предоа половина од реконструираниот патен правец од Неготино до с.Курија – еден од најфрекфрентните патни правци на подрачјето на општината. Пресметковната вредност на работите изнесува 18 милиони денари, реконструирани се 3,5 километри од патот, а проектот е реализиран со средства што Владата на РМ ги обезбеди преку Светската банка во рамките на имплементацијата на проектот за реконструкција и рехабилитација на локалната патна мрежа.
         Извршено е асфалтирање на коловозот во должина од 3.5 километри со широчина од 5 метри со изградени банкини на двете страни од патот од по 1 метар,а исто така извршено е и одводнување на коловозот со изградба на неопходните одводни канали. Општина Неготино од сопствениот буџет ги обезбеди потребните средства за набавка и поставување на цевки во одводните канали со единствена цел на сопствениците на земјоделски површини да им се овозможи непречен пристап до сопствениот имот. Во догледно време, а по обезбедувањето на потребните финансии, ќе се пристапи кон реконструкција и на останатиот дел од патот кој води до самото село Курија.