Делков: За само 100 дена вративме 1/3 од вкупниот долг на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Почитувани сограѓани ! Непобитен е фактот дека за нормално функционирање на локалната самоуправа, основа е стабилна финансиска состојба на општината. За жал, со моето стапување на функцијата градоначалник и извршените анализи од страна на стручните служби, констатиравме дека долгот на општината по разни основи изнесува вкупно 117.000.000 денари, што, верувам ќе се согласите, за една мала општина како нашата е премногу. Со гордост сакам да Ве информирам дека со транспарентно, домаќинско и одговорно мое и работење на локалната самоуправа, за само 100 дена успеавме да исплатиме достасани обврски во висина од над 27.000.000 денари со што долгот на општина Неготино го намаливме за речиси 1/3 од вкупните побарувања. Наедно, Ве информирам дека вративме и една рата од 50.000 евра долг од  кредитот за водоснабдување кој дојде за наплата, а на ЈП Комуналец му префрливме наменски 2.000.000 денари со цел вработените навремено да можат да користат здравствено осигурување. Продолжуваме и понатаму со домаќинско работење, а паралелно подготвуваме и бројни проекти за реализација, за што деновиве благовремено ќе бидете информирани преку моја прес-конференција.