Штафетната трка за мир во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија и во соработка со двете основни училишта од градот, во Неготино престојуваше штафетната трка за мир која не е од натпреварувачки карактер и има за цел промоција на меѓународниот мир. Подавајќи го факелот од рака во рака трката која поминува низ многу држави на различни континенти денеска помина по улиците на Неготино и накратко се задржа во училишниот двор на ООУ„Гоце Делчев“ каде што беше организиран пречек проследен со мала културна свеченост на која присуствуваа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и делегација на локалната самоуправа, пратеникот Ристе Ташев, директорот на училиштето Петар Мантев и други учесници во трката и заинтересирани граѓани. Организаторите информираа дека Трката за мир по 31-ви пат е присутна во Македонија, истата се одржува на 2 години, посетува 49 земји и претрчува 24.000 километри. Во пригодното обраќање градоначалникот Делков ја истакна неговата и интенцијата на општина Неготино за создавање услови за реализација на спортски активности со кои кај секој поединец ќе дојде до подобрување на моторните способности и физичката подготвеност, поттикнување за водење на активен и здрав живот на младите и формирање здрави животни навики, се во духот на максимата „во здраво тело-здрав дух“. Во знак на благодарност за гостопримливоста, организаторите на трката на градоначалникот Делков му врачија пригоден подарок.