Сите улици во Неготино се проодни и безбедни за сообраќај PDF Печати

   Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков уште во текот на вчерашниот ден и денеска преку фирмата задолжена за зимско одржување на улиците во градот, со работна рака и механизација и со асистенција на вработени во ЈП Комуналец, интервенираше на отстранување и чистење на снегот од улиците, што пак резултираше во моментов сите улици во градот да се проодни и безбедни за сообраќај, а исчистени се и тротоарите за непречено движење на пешаците. Најпрво беше интервенирано на главните магистрални улици согласно Програмата за зимско одржување на општина Неготино и кои се во прв приоритет и истите беа комплетно исчистени, а се продолжи со расчистувањето на снегот од сите пристапни патишта до болницата, образовните установи, детските градинки, полицијата и други објекти. Исто така, комплетно е исчистен патниот правец Д.Дисан-Г.Дисан-Вешје во должина од 12 километри. За оваа намена се фрлени 15 тони ризла и 1 тон сол, а од страна на стручните служби продолжува да се следи состојбата и доколку се јави потреба да се интервенира. Инаку, во расчистувањето се вклучија и вработени во ЈП Комуналец кои со скип, трактори и работна рака го расчистија градскиот плоштад, старата градска чаршија , тротоарите низ учиците во градот, а согласно законот и сите дуќанџии извршија расчистување на просторот пред сопствениот деловен објект. Или накратко, состојбата во општина Неготино е нормализирана и сите улици и патишта се проодни.