СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА ФЕКАЛНАТА МРЕЖА ВО с.ВОЈШАНЦИ – СЕ ГРАДИ НОВА ВО с.ТРЕМНИК PDF Print
There are no translations available.

  Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков во присуство на месното население и други гости на симболичен начин во функција ја ставија новоизградената фекална мрежа во селото Војшанци. Целокупната вредност на изведените работи изнесуваше близу 7 милиони денари кои беа обезбедени од Министерството за животна средина и од Буџетот на општина Неготино, а по завршувањето на овој проект покрај со водоводната, во Војшанци целосно е решено и прашањето со фекалната мрежа.

            Работите се одвиваа во 3 фази при што е извршено покривање на целото село со фекална мрежа во вкупна должина од близу 5 километри. Со завршувањето на работите се создадоа неопходните услови и во наредниот период во ова населено место да се изведуваат градежни работи, па така од локалната самоуправа се планира да се пристапи кон уредување на централното подрачје во Војшанци и асфалтирање на тамошната улиќна мрежа. Инаку,започнаа градежните работи за поставување на фекална канализација во уште едно од поголемите неготинси села кое досега ја немаше истата, а тоа е Тремник. Планирано е работите да се одвиваат во три фази, а за реализација на целиот проект се предвидува дека ќе бидат потребни финансиски средства во висина од околу 18 милиони денари.