СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   По повод Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември, во кино – салата на Центарот за култура, се одржа свечена седница на Советот на општина Неготино на која присуствуваа претставници на извршната власт на РМ, вршители на јавни функции во општинските институции, поранешни претседатели на општинското Собрание и градоначалници на Општината, преживеани борци од НОБ, членови на семејствата на паднати и починати борци, како и на загинати бранители за Македонија, како и други гости од земјава и странство. Седницата ја отвори и ја водеше претседателот на Советот – Сашо Николов, а пригодно обраќање пред присутните во чест на празникот имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.


    ,, 66 години постоење слободно Неготино е период кој заслужува да биде одбележан со почит и внимание, а јас како градоначалник ја чуствувам обврската пред граѓаните да дадеме отчет за сработеното, се во интерес на транспаренто и одговорно работење ,, - рече меѓу другото во својот говор градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Присутните на свечената седница, меѓу другото, имаа можност преку презентација на аудио – видео материјал да се запознаат со реализираните активности и проекти во изминатиот едногодишен период меѓу двата празника, како и со активностите и проектите кои се започнати и ќе се спроведуваат во периодот кој следува. Во забавниот дел, гостите имаа несекојдневна можност да уживаат во мини – концертот на професор м – р Драган Даутовски.