И годинава ќе се дегустираат и наградуваат вина и ракии од индивидуални производители PDF Печати
    Во рамките на одржувањето на традиционалната манифестација „Недела на виното-Свети Трифун 2018“ и предвидените програмски активности и годинава ќе се организира натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. Право на учество имаат сите индивидуални производители со информација за нив дека потребните мостри од предходно споменатите пијалаци ќе можат да ги доставуваат во периодот од 25-ти јануари до 09-ти февруари на четврти спрат во зградата на општина Неготино кај лицето Дејан Дуровиќ, а за поблиски информации можат да се обратат на телефонскиот број 072/320-834 во периодот од 08 до 14 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино. Годинава новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите ќе биде организиран советодавен настан на кој членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентирани оценките, забелешките и сугестиите со единствена цел самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии.