ДОДЕЛЕНИ НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ,, 8-МИ НОЕМВРИ ,, PDF Печати
   Врз основа на општинскиот Статут и Одлуката за востановување општински награди и признанија, а по предходно донесена одлука од советниците во Советот на општина Неготино, на свечената седница претседателот на Советот Сашо Николов ги прогласи, а градоначалникот Пане Трајков на годинашниве добитници им ги додели наградата и признанијата ,, 8-ми Ноември ,, што секоја година се доделуваат по повод општинскиот празник. Годинашен добитник на највисоката општинска награда ,, 8-ми Ноември ,, е Трговското друштво ,, ЈАДРАН ГОТТИНО ФООДС – Тодор Неготино, а наградата ја прими и во име на останатите добитници на признанија се заблагодари сопственикот и менаџер на компанијата Тодор Кулаков.


    Со одлука на Советот на општината, годинава признанија ,, 8-ми ноември ,, им беа доделени на Сијче и Наташа Андонови – членки на фудбалската репрезентација на Македонија, Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом, крводарителот Коста Златанов, ликовниот уметник Томе Мишев, Радио Микс и културниот работник Емилиа Ларачеа Формас