Дефектот отстранет, нормализирано водоснабдувањето во Вешје PDF Print
There are no translations available.

   При изведувањето на градежни активности на патниот правец Горни Дисан - Вешје пред извесен период беше предизвикан дефект на главната водоводна линија преку која жителите на Вешје се снабдуваат со вода за пиење. Согледувајќи ја потребата од итно санирање на дефектот, општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“ ангажираше механизација и работна рака, при што беше интервенирано на отстранување на настанатиот дефект. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков информира дека е набавено и поставено ново црево Ф-63 со должина од 2 километри, со што дојде до нормализирање на водоснабдувањето и жителите на Вешје за сопствените потреби на располагање ги добија неопходните количини вода за пиење. Од општината информираат дека додека дефектот не беше отстранет, во 3 наврати потребите на „вешјани“ од вода за пиење беа задоволувани со дотур на вода во цистерни.