Неготино денеска беше „Новогодишен весел бонбонград“ PDF Print
There are no translations available.

  Прекрасен настап на учениците од ООУ„Гоце Делчев“, избор на најубава елка во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“, десеттина штандови на кои се продаваа реквизити со новогодишни мотиви изработени од родителите на дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“, од штитениците во Дневниот центар „Порака“ и од учениците во ООУ „Гоце Делчев“- се моментите кои го одбележаа третиот и последен ден на тридневната манифестација „Новогодишна забава“ што во пресрет на дочекот на најлудата ноќ во годината општина Неготино ја организира со надлежните установи. Имено, денеска на градскиот плоштад се одржа настанот насловен како „Неготино весел бонбонград“, а атратктивната и со богати содржини исполнета програма придонесе неколку стотици граѓани од општина Неготино да излезат од своите домови и да ја проследат програмата која се одвиваше на градскиот плоштад во Неготино. Од локалната самоуправа истакнуваат дека трите дена од Новогодишната забава поминаа во одлична атмосфера и со масовно присуство на граѓаните на плоштадот, што пак ќе претставува дополнителен мотив оваа манифестација да продолжи да се одржува со надградување и на концептот и на содржините на истата, а на задоволство и на учесниците и на граѓаните на општина Неготино.