Новогодишна забава и базар на градскиот плоштад во Неготино PDF Печати

   Пријатните временски услови, богатата со содржини Програма, желбата да се проследи настапот на своите најблиски–придонесоа денеска  на градскиот плоштад во Неготино за време одржувањето на Новогодишната забава и базар да присуствуваат голем број граѓани на општината кои имаа можност да уживаат во разновидната програма подготвена од организаторите. Активностите од 3-дневната Новогодишна забава што општина Неготино ја подготви во соработка со надлежните установи започнаа со театарска претстава во изведба на ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од нашиот град, а продолжија со настап на ученици од ООУ„Страшо Пинџур“, од СОУ„Св. Кирил и Методиј“, танцовата формација „Зиг-заг“, а денеска завршуваат со годишниот концерт на ОМУ„Владимир Арсовски“ од 19,00 часот. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој искажа јавна благодарност до сите учесници во програмата и изрази надеж дека преку содржините од истата организаторите ќе успеат да ја доловат новогодишната магија и сите присутни на плоштадот заеднички ќе споделат радосни моменти. Градоначалникот Делков на најмладите им посака многу подароци под нивната елка и исполнување на желбите, а на сите граѓани на општина Неготино многу среќа во нивните домови и уште повеќе љубов во нивните срца.