Новогодишна бајка во детската градинка „Фемо Кулаков“ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на околу 420 дечиња кои престојуваат во двата клона „Пролет“ и „Мајски цвет“ при детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град им додели и ќе им додели новогодишни пакетчиња кои локалната самоуправа ги обезбеди во соработка со фирмата „Дуки Дасо“. Денеска (вторник) градоначалникот престојуваше во клонот „Пролет“ каде на задоволство и радост на дечињата им подели пакетчињата, а утре (среда) новогодишни пакетчиња ќе им додели и на дечињата од клонот „Мајски цвет“. Инаку, како и секоја, така и оваа година вработените во градинката за дечињата и за присутните гости подготвија и изведоа пригодна и прекрасна предновогодишна претстава , на огромна радост на дечињата кои со песна и игра и самите се вклучија во изведбата на истата. Директорката на градинката Јана Коцева и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ја искористија приликата на сите дечиња, нивните родители и вработените во оваа установа да им ја честитаат Новата година посакувајќи им многу здравје и среќа во 2018-та година.