Новогодишни пактечиња за дечињата од игралните во руралните средини PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од своите соработници денеска ги посети игралните во кои престојуваат и се едуцираат дечиња од предшколска возраст во населените места Долни Дисан, Тимјаник, Црвени Брегови и Криволак, а според агендата утре ќе бидат посетени и игралните во Пепелиште, Војшанци и Тремник. Овие посети се со цел градоначалникот Делков на околу 120 дечиња кои престојуваат во 7-те игрални во селата во општината во пресрет на Новогодишните и Божикните празници да им подели новогодишни паткетчиња, да им посака да бидат добри и примерни ученици, со искрени желби за се најдобро во Новата 2018-та година за нив, за наставниците и нивните родители. Дечињата кои денеска добија новогодишни пактечиња му се заблагодарија на градоначалникот Делков за вниманието и за подароците, а неговото присуство го искористија со песнички и игри да создадат еден весел и пријатен предновогодишен амбиент.