Во четврток на 21. 12. 2017 година со почеток во 18.оо часот, во салата на општина Неготино, ќе се одржи презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и други објекти“. Презентацијата е во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион. Презентацијата опфаќа три дела и тоа: Општо за енергетската ефикасност и значење на истата Енергетска ефикасност во домови и други објекти Потенцијали кај нас и придобивки од енергетска ефикасност Презентацијата ќе ја реализира раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион, Ванчо Петров и на истата се поканети и можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.
![](/images/stories/nov_2017/Prezentacija_energetska_efikasnost/1.jpg) |