Во Неготино презентација за енергетската ефикасност во домовите и други објекти PDF Print
There are no translations available.

  Во четврток на 21. 12. 2017 година со почеток во 18.оо часот, во салата на општина Неготино, ќе се одржи презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и други објекти“. Презентацијата е во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион.  Презентацијата  опфаќа  три дела и тоа:
Општо за  енергетската ефикасност и значење на истата
Енергетска ефикасност во домови и други објекти
Потенцијали кај нас и придобивки од енергетска ефикасност
Презентацијата ќе ја реализира раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион, Ванчо Петров и на истата се поканети и  можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.