Честитка до КК “Спорт Тим” од Неготино-есенски прваци во Третата лига PDF Print
There are no translations available.

   Како градоначалник на општина Неготино, долгогодишен спортист и љубител на спортот, би сакал на неготинските кошаркари да им го честитам освојувањето на првото место во Третата кошаркарска лига и да им посакам успешни резултати и во пролетниот дел од натпреварувањето. Имено, по завршувањето на есенскиот дел од сезоната и деветте одиграни кола во третата кошаркарска лига, неготинските кошаркари иако новајлии во лигата, со само еден несреќен пораз и осум убедливи победи, стигнаа до титулата есенски првак во ова натпреварување и ја најавија својата кандидатура за влез во втората, исклучително силна македонска кошаркарска лига наредната сезона. Честитки за залагањето и упорноста на кошаркарите и раководството на КК “Спорт Тим”, се надеваме дека неготинската кошарка повторно ќе се врати на старите патеки и дека во иднина во Неготино ќе гледаме квалитетна кошарка, а јас како градоначалник и локалната самоуправа и понатаму ќе продолжиме со поддршката за овој спортски колектив во рамките на расположливите финансиски можности.