На седница на Советот ќе се усвојува Буџетот на општина Неготино за 2018 година PDF Печати

   Утре (вторник 19.12) со почеток од 17,00 часот ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино на која е предвидено советниците да го разгледаат, да дискутираат по него и да го усвојат Буџетот на општина Неготино за наредната 2018 година, одлуката за негово извршување, а ќе се разгледа и предлог-проекцијата на општинскиот Буџет за 2019 и 2020 година. Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се најде предлог-одлуката за согласност за имплементирање на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ и учество на ЈП„Комуналец“ во овој проект, одлуката за учество на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во имплементирањето на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политика на животна средина, предлог-програмата за изменување на програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2018 година, како и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште. На дневен ред ќе се најдат и други точки за расправа од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.