There are no translations available. Утре (вторник 19.12) со почеток од 17,00 часот ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино на која е предвидено советниците да го разгледаат, да дискутираат по него и да го усвојат Буџетот на општина Неготино за наредната 2018 година, одлуката за негово извршување, а ќе се разгледа и предлог-проекцијата на општинскиот Буџет за 2019 и 2020 година. Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се најде предлог-одлуката за согласност за имплементирање на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ и учество на ЈП„Комуналец“ во овој проект, одлуката за учество на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во имплементирањето на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политика на животна средина, предлог-програмата за изменување на програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2018 година, како и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште. На дневен ред ќе се најдат и други точки за расправа од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.
|