Ќе се формира координативно тело за подобрување на состојбите со водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Претставници на локалната администрација, на Јавното претпријатие „Комуналец“,претставници на градежни фирми и проектантски куќи и други компетентни лица зедоа активно учество на работниот состанок кој беше инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а на кој се дискутираше за актуелните состојби со водоснабдувањето во општината и преземањето на мерки и активности за нивно подобрување. Во воведното обраќање градоначалникот Делков ги запозна присутните со досега реализираните активности и зафати за подобрување на состојбите со водата за пиење и воедно предложи насоки и правци во чии рамки би се одвивале активностите за еден од приоритетите на градоначалникот и на општината-решавање на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, се донесе заклучок во рамките на општина Неготино да биде формирано Координативно тело кое ќе ги следи состојбите на овој план, ќе дава предлози за спроведување и насоки за конечно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето што го имаат граѓаните на општина Неготино.