Ќе нема организиран дочек на Нова година-средствата ќе се наменат за хуманитарни цели PDF Печати

  Драстично опаднатиот интерес кај населението од општина Неготино последниве години за присуство на овој настан и лошата финансиска состојба на локалната самоуправа, се само дел од причините поради кои е донесена одлука оваа година на градскиот плоштад во Неготино да не се организира заеднички дочек на Новата 2018-та година. Со одлука на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе се изврши пренамена на средствата предвидени за организирање на оваа манифестација, истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и овие пари ќе бидат донирани на семејство или установа каде што ќе се утврди дека средствата се најпотребни. Инаку, наместо организиран дочек, стручните служби при локалната самоуправа во координација со надлежните институции од општината подготвуваат и ќе организираат дневен музичко-забавен хепенинг кој ќе се одржи на 27 и 28-ми декември 2017 година на градскиот плоштад во Неготино со учество на повеќе категории учесници. За содржините на овој настан граѓаните на општината ќе бидат точно и благовремени информирани во наредните неколку денови.