Честит празник Свети Климент Охридски ! PDF Печати

   Почитувани граѓани на општина Неготино ! Би сакал од мое лично име како градоначалник на општина Неготино и од име на локалната самоуправа да Ви го честитам празникот 8-ми декември Свети Климент Охридски и да Ви посакам истиот да го поминете во пријатна домашна атмосвера. Свети Климент Охридски го славиме како македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој во 886 година ја формира Охридската книжевна школа попозната како „Првиот словенски универзитет“ од кој излегле подготвени над 3.500 ученици. Исто така тој е и познат македонски и словенски учител, а Свети Климент бил и првиот Епископ Словенски со титулата Епископ Велички. Во чест на овој македонски светец го славиме и празнуваме 8-ми декември. Нека ни е за многу години празникот !