Усвоени Програмите за работа на општина Неготино за 2018-та година PDF Печати

 Советот на општина Неготино ги усвои Програмите за работа на општина Неготино за наредната 2018-та година со што се поставени основите за дејствување на  градоначалникот и локалната самоуправа за наредниот едногодишен период. Советот даде согласност за имплементирање на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним „ЕНПОЛ-ЕЕ“ кој ќе се имплементира во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Република Македонија 2014-2020 година. Исто така, беа донесени Програмите за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во нашата општина, за изработка на урбанистички планови, за локален економски развој, за енергетска ефикасност, заштита на животната средина, потоа Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на територијата на општина Неготино, како и Програмите за социјална заштита, образование, спорт, култура, поддршка на здруженија и фондации и оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината, трговски друштва и органите на општина Неготино. На седницата, беа донесени и други одлуки и решенија од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.