Со 30 тони асфалт се санираат ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино од  денеска започна со санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот. Според зборовите на градоначалникот Тони Делков, приоритет на оваа активност е даден врз основа на предлозите на населението на одржаните работни средби и сознанијата од терен дека патната инфраструктура е во лоша состојба и е потребна итна интервенција во пресрет на доаѓањето на зимскиот период. Градоначалникот информираше дека санирањето на ударните дупки започна со активности на главната улица во градот „Маршал Тито“ која впрочем е и најфреквентна за сообраќај, а ќе се продолжи со санирање на дупките и на останатите улици  каде што има потреба од интервенција, а се со цел за создавање услови за нормално одвивање на сообраќајот и овозможување поголема безбедност и за возачите и пешаците Предвидено е работници на фирмата-изведувач „Изолација“ да постават 30 тони асфалт, за што општината од Буџетот ќе издвои средства во висина од 600.000 денари. Градоначалникот Делков изјави дека во тек е изготвувањето на Програмата за работа и Буџетот на општина Неготино за 2018-та година и во истите се предвидува веќе напролет да се започне со комплетна реконструкција и санација на повеќе улици во градот кај кои се регистрирани најголеми оштетувања.