На јавниот повик на општина Неготино одговорија 16 спортски клубови PDF Печати

  На јавниот повик за финансирање на спортските клубови од Буџетот на Општина Неготино за 2018-та година кој беше објавен минатата недела, одговорија 16 спортски колективи од општината, кои доставија план на активности и финансиска програма за наредната година. Вкупниот износ на побараните средства ќе биде дел од предлог – програмата за спорт, а по изгласувањето на истата спортските клубови од општината на почетокот на новата календарска година според точно утврдени критериуми од Советот на општината ќе добијат финансиски средства. Овие финансиски средства ќе им овозможат на спортските клубови континуирана и стабилна работа, со цел постигнување на подобри резултати и развој на спортот во Општина Неготино.