Денеска (вторник) од 18,00 ч. средба со жителите на 9-те урбани заедници од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Ги поканувам граѓаните на град Неготино од сите 9 урбани заедници вечерва (14.11. вторник) да присуствуваат на состанокот со почеток од 18,00 часот во големата сала на општина Неготино на кој јас како градоначалник, претставници на Советот на општината и вработени во локалната администрација ќе ја одржиме последната од планираните средби со граѓаните од месните и урбаните заедници во општина Неготино. Според однапред утврдениот распоред, вечерва ќе се сретнеме и ќе дискутираме со жителите од УЗ 1,2,3,4,5,6, 7,8 и 9 од град Неготино-средба на која присутните ќе можат да се произнесат за проблемите со кои се соочуваат и преку директна комуникација со давање предлози и решенија да се најдат начини за нивно санирање или надминување. Сакам да информирам дека изминатите денови остваривме работни средби со жителите на месните заедници во селата Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија, Тимјаник, Долни Дисан и Вешје на кои месното население имаше можност низ директни разговори со претставниците на локалната власт да понуди предлози и решенија за надминување на одредени состојби во местото на нивното живеење, а сето тоа како основа за нивно вметнување во Програмата за работа на општина Неготино за 2018-та година и во Буџетот на општината за наредната година.