На 13 и 14 ноември градоначалникот Делков на средбите со жителите на УЗ во Неготино PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставници на Советот на општината и вработени во локалната администрација изминатите денови ги завршија работните средби со жителите на месните заедници во селата Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија, Тимјаник, Долни Дисан и Вешје на кои месното население имаше можност низ директни разговори со претставниците на локалната власт да понуди предлози и решенија за надминување на одредени состојби во местото на нивното живеење, а сето тоа како основа за нивно вметнување во Програмата за работа на општина Неготино за 2018-та година и во Буџетот на општината за наредната година. На 13-ти и 14-ти овој месец (понеделник и вторник) предвидено е одржување на средби со жителите на сите 9 урбани заедници од Неготино, при што на 13-ти со почеток од 18,00 часот е закажана средба со населението од УЗ 1,2 и 3 од градот, додека од 20,00 часот ќе започне средбата со граѓаните од УЗ 4,5 и 6. На 14-ти овој месец, непосредните контакти со граѓаните ќе завршат со одржување работни состаноци со граѓаните од УЗ 7,8 и 9 на кои граѓаните ќе имаат можност да дадат сопствени предлози, сугестии и размислувања за реализирање на проекти и активности со чие спроведување ќе се придонесе за подобрување на условите за живеење во нивните средини.