„Градот низ детските очи“ PDF Печати

   Изложбениот салон на Музејот на град Неготино беше претесен да ги прими сите граѓани од општината кои покажаа заинтересираност да го проследат настанот „Градот низ детските очи“ организиран од страна на детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните имаа директорката на градинката Весна Нацева, воспитувачката и координаторка на проектот Елизабета Димова и претставникот на локална самоуправа Неготино Ивица Златковиќ. Во своите излагања тие истакнаа дека станува збор за манифестација која е дел од Програмата за работа на градинката и се одржува неколку години по ред, во изработката на експонатите се вклучени дечињата кои престојуваат во градинката и нивните родители, на кои за нивниот придонес во подготвителни активности им беа врачени благодарници, а Златковиќ во своето обраќање ги пренесе заложбите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за изградба на уште една градинка во нашиот град за што веќе се преземени и конкретни активности. Веднаш потоа, присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат изложените цртежи изработени од дечињата и макетите со објекти од општина Неготино изработени од нивните родители.