Делков: Средбите со граѓаните на општина Неготино ќе бидат правило, а не исклучок PDF Печати

   Со одржувањето работни средби со жителите на селата Тремник, Дуброво и Војшанци започна серијата состаноци кои градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе ги одржи со претставниците на месните и урбаните заедници во населените места и во градот. Придружуван од претседателот на Советот Диме Витанов, советникот Борче Коцев и вработени во локалната администрација Делков пред присутните истакна дека овие средби ќе бидат правило во неговиот 4-годишен мандат, а не исклучок, а нивна цел е да се слушне гласот на граѓанинот, проблемите со кои населението се соочува во одредена средина каде живее и функционира, да се слушнат предлози и мислења за приоритетите за решавање, за по завршувањето на сите средби да се сублимира се она што било кажано на состаноците, а градоначалникот, Советот и администрацијата да преземат соодветни мерки за надминување и санирање на одредени состојби, се разбира во зависност од финансиската моќ на општината. Според градоначалникот Делков, наскоро ќе се започне со изготвување на Буџетот на општина Неготино за 2018 година и програмата за работа, па токму затоа од овие средби се очекува да се слушнат што е можно повеќе предлози, мислења и сугестии, кои ќе бидат вградени во програмата и ќе придонесат за решавање на проблемите на граѓаните од општина Неготино.