РЕКОНСТРУИРАНИ 3,5 КИЛОМЕТРИ ОД ПАТОТ НЕГОТИНО – КУРИЈА PDF Print
There are no translations available.

  Со средства што Владата на РМ ги обезбеди преку Светската банка, а во рамките на имплементацијата на Проектот за реконструкција и рехабилитација на локалната патна мрежа на подрачјето на општина Неготино, градежната оператива на Гранит изврши реконструкција и рехабилитација на дел од локалниот патен правец од Неготино до Курија во должина од 3.460 метри. Градежните работи се изведоа според проект изработен од фирмата ,, Шамкаров партнер ,, од Скопје, а истиот беше ревидиран од Градежниот факултет.
     Пресметковната вредност за комплетна реализација на Проектот за реконструкција на околу 3,5 километри од патниот правец Неготино – Курија изнесуваше 18 милиони и 660.000 денари. Притоа, извршено е асфалтирање на коловозот со широчина од 5 метри со изградени банкини на двете страни од патот од по 1 метар, а исто така извршено е и одводнување на коловозот со изградба на неопходните одводни канали. Општина Неготино пак од сопствениот буџет ги обезбеди потребните финансиски средства за набавка и поставување на цевки во одводните канали, со единствена цел на сопствените на земојделски површини да им се овозможи непречен пристап до сопствениот имот. Според зборовите на одговорните во стручните служби на локалната самоуправа, останатиот дел од патот од Неготино до Курија се предвидува исто така да биде комплетно реконструиран, кога за тоа ќе се создадат потребните услови.