Свечена седница на Советот на општина Неготино-73 години слободно Неготино PDF Печати

   На денот кога општина Неготино прославува 73 години слободно живеење, се одржа свечена седница на општинскиот Совет која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов кој како прв меѓу еднаквите ги повика сите советници да работат на носење заеднички одлуки, заклучоци, предлози и решенија за доброто на граѓаните на општината. Пригоден говор по повод празникот на општината 8-ми Ноември имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој потенцираше дека за време на мандатот максимално ќе се труди и посветено ќе работи на остварување на проектите ветени во неговата Програма со која ја доби довербата на граѓаните на локалните избори. Делков рече дека очекува поддршка од Владата на РМ и домашни и меѓународни финансиски организации и дека приоритет ќе му биде решавањето на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, според градоначалникот, по спроведената ревизија на досега реализираните проекти, ќе се пристапи кон поставување приклучоци до домаќинствата кои живеат на улиците каде што водоводната мреже е реконструирана, а најави и реконструкција на мрежата на нови 6  улици во градот и поставување нови приклучоци.Во соработка со МТСП Делков најави преземање активности за изградба на нова детска градинка, реконструкција на улици во градот и населените места, систем за подобро сервисирање на комуналните услуги, подобрување на енергетската ефикасност на територијата на цела општина, обезбедување нови места за паркирање, изградба на затворен градски пазар и соработка со младите како активен чинител во заедницата. Градоначалникот Делков најави и поефикасна соработка со бизнис заедницата, поставување водовод и канализација во Индустриската зона, продажба на парцели во зоната Дуброво-Тремник, како и реализација на бројни други проекти за подобрување на севкупните услови за живеење во општина Неготино.