Изложба на слики од ликовни уметници од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Неготино 8-ми Ноември во изложбениот салон на Музејот на град Неготино се одржа традиционалната изложба на слики создадени од ликовни уметници од неготинска општина. Во присуство на голем број љубители на ликовната уметност, изложбата за отворена ја прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој упати благодарност до сите уметници кои со свои дела ја збогатија оваа изложба и уште еднаш покажаа и докажаа дека Неготино има ликовни уметници и нивни дела со кои може да се гордее и изрази надеж дека нивниот број од година во година се повеќе ќе се зголемува, а посетителите ќе имаат можност да ги разгледуваат и уживаат во нивните слики. Организаторот на сите учесници на изложбата во знак на благодарност за нивното учество им додели пригодни подароци.