Признанија и медали за најбрзите на уличните трки низ Неготино PDF Печати

    Стотици млади зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, годинава масовноста на трките со своето учество ја збогатија најмладите од детската градинка „Фемо Кулаков, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Присутните на градскиот плоштад каде што беше и целта имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој водејќи се од максимата „во здраво теко-здрав дух“, на сите учесници им сугерираше што е можно поголем дел од слободното време да го користат за спроведување на спортско-рекреативни активности.