Во Неготино се одржа турнир во „гол-бал“ PDF Print
There are no translations available.

   Традиционално, како и секоја, така и оваа година во рамките на спроведувањето на Програмата за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември, во спортската сала на ООУ„Страшо Пинџур“ во нашиот град се одржа турнирот во гол-бал на кој учествуваат лица со оштетен вид. Настанот е во организација на општина Неготино и Здружението на слепи лица од Неготино, а учество на турнирот зедоа 3 екипи и тоа од градот домаќин, Струмица и Кавадарци. Станува збор за специфична и мошне напорна игра во која сите учесници го даваат максимумот за да постигнат подобри резултати. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, учесниците  другаруваа заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој на науспешните екипи им додели признанија, им се заблагодари за придонесот во прославата на празникот и им посака учество и на други вакви и слични турнири и остварување на резултати со кои самите учесници ќе се гордеат.