Познати добитниците на признанијата и наградата „8-ми Ноември“ PDF Print
There are no translations available.

   Советниците во Советот на општина Неготино на првата седница ги разгледаа и усвоија одлуките за доделувања на признанија и наградата „8-ми Ноември“ кои традиционално се врачуваат по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Неготино. Врз основа на пристигнатите предлози по предходно распишаниот оглас, ставот на комисијата за доделување на награди и признанија и одлуката донесена од страна на општинскиот Совет, годинашен добитник на наградата „8-ми ноември“ е Трговското друштво „Дуки Дасо Дооел“-Неготино. Според одлуката на Советот, признанија по повод празникот 8-ми Ноември ќе им бидат доделени на Илија Цветковски-филмски работник, Атанас Наумов-атлетичар маратонец, Ракометниот клуб „Вардар“ од Неготино, Ленче Лазова-крводарител и Ангела Глигорова-научен истражувач. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков признанијата и наградата на добитниците ќе им ги врачи во рамките на оджувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино која ќе се одржи во среда на 8-ми Ноември со почеток од 13,00 часот.