БЕХАТОН КОЦКИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА ,, ХРИСТО БОТЕВ ,, PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на Програмата за комунални дејности на подрачјето на општина Неготино, во делот за реконструкција на локални патишта и улици, со средства во висина од 680.000 денари обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа извршено е поплочување на крак на ул ,, Христо Ботев ,, со површина од 300 м2. Споменатите активностите беа спроведени по директно барање на дел од тамошните жители кои не го кријат задоволството од завршените работи и елиминирањето на проблемите со кои предходно се судруваа.
     
     Со спроведените градежни работи кои ги изведе оперативата на  Градба-промет, покрај поплочувањето на кракот, изграден е потпорен sид во должина од 60 метри и поставени се бетонски рабници по целата должина на улицата. Меѓу другото, со овие работи се изврши ископ на 180 м3 земја, извршено е планирање и набивање на дробеник од 90 м3, по што се поставени и бехатон плочките. Работниците на претпријатието – изведувач навреме и во предвидените рокови завршија со работите на кракот на улицата ,, Христо Ботев ,, .