Конституиран Советот на општина Неготино-Диме Витанов избран за претседател PDF Печати

   Во големата сала на локалната самоуправа денеска се одржа конститутивната седница на Советот на општина Неготино на која најпрво се изврши верификација на мандатите на новоизбраните членови на општинскиот Совет. По предлог на мнозинството советници, за нов претседател на Советот на општина Неготино со мандат од 4 години беше избран Диме Витанов кој по преземањето на функцијата нагласи дека очекува конструктивна соработка меѓу сите советници без разлика на нивната политичка провиниенција-се во интерес на доброто на граѓаните на општина Неготино. Новиот градоначалник на општина Неготино Тони Делков истакна дека очекува добра и плодна соработка со сите советници и реализација на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на секојдневното живеење во неготинска општина. Советниците на првата седница расправаа и за други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.