Тони Делков ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со чинот на примопредавањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Ванчо Апостолов на новоизбраниот градоначалник Тони Делков, од денеска Делков и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја врши во наредниот 4-годишен мандат. По краткиот разговор, досегашниот градоначалник Апостолов на актуелниот Делков му го честиташе изборот за прв човек на општина Неготино посакувајќи му успех во работењето во наредниот период и реализација на проекти од интерес на граѓаните, а се заблагодари и на соработката со администрацијата, Советот и граѓаните во изминатите 4 години. Новиот градоначалник Делков во изјавата истакна  дека му е чест што ја презема градоначалничката функција која за него значи обврска, а не привилегија, додадавајќи дека ќе вложи максимални напори како градоначалник да се реализираат проектите од програмата со која настапи на изборите, Неготино да се движи напред и да се врати стариот сјај на нашиот град. Градоначалникот Делков потенцираше дека секое дадено ветување пред граѓаните на општина Неготино ќе биде реализирано во наредниот 4 годишен период за времетраењето на неговиот мандат.