Новоизбраниот градоначалник Тони Делков го доби уверението од ОИК PDF Print
There are no translations available.

   По одржувањето на локалните избори општина Неготино доби нов градоначалник, Тони Делков, кој ја доби довербата на мнозинството гласачи во наредните 4 години да ја води општината. Делков, кој беше кандидат на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ победата ја освои уште по првиот круг од гласањето со освоени 6.455 добиени гласови или 51,44 отсто од излезените 12.107 гласачи од вкупно запишаните 16.084 избирачи во единствениот избирачки список. На денешната пригодна свеченост која се одржа во големата сала на локалната самоуправа, претстедателката на Општинската изборна комисија на Тони Делков му го врачи уверението со што тој и официјално стана нов градоначалник на општина Неготино. Примопредавањето на функцијата најавено е да се случи во текот на утрешниот ден. Новиот градоначалник Делков ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои учествуваа во спроведувањето на изборниот процес, на граѓаните кои својот глас го дадоа за неговата кандидатура, како и на сите 12.107 гласачи кои го искористија правото на глас на неодамна одржаните избори. Градоначалникот Делков вети дека ќе работи во интерес на сите граѓани на општина Неготино преку реализирање на неговата Програмата за работа со која настапи пред граѓаните и со заеднички напори Неготино и населените места да станат што е можно попристојно место за живеење.