Новите советници во Советот на општината добија уверенија од ОИК PDF Печати

   На неодамна одржаните локални избори на територијата на неготинска општина, листата со советници на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ освои најмногу гласови-6.349 и со тој резултат обезбеди 8 мандати во Советот на општина Неготино, додека советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освои 5.287 гласови со обезбедени 7 мандати во општинскиот Совет во кој делуваат вкупно 15 советници.
Еве ги и новите советници чии мандат трае 4 години. СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Советот на општината ќе бидат претставувани од носителот на листата Диме Витанов, Гордана Филипова, Вуле Младеновиќ, Дане Мајсторчев, Трајче Димков, Ивана Трајкова, Игор Ѓорчев и Борче Коцев. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ги застапуваат носителот на листата Петре Манчев, Љупчо Пасинечки, Гордана Јованова, Зоран Стојанов, Флорида Илиевска, Игор Јованов и Трајко Стафилов.
Се очекува во најскоро време да се одржи конститутивна седница на која ќе се избере претседател на Советот на општина Неготино и ќе бидат формирани соодветните комисии, по што советниците ќе започнат со одржување седници и носење одлука од нивниот делокруг на работа.