Заврши шестото издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во големата сала на СРЦ “Младост се одржа шестото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори.
На турнирот учество зедоа преку 40 млади борачи во конкуренциите машки - пионери и кадети и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Вардар” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, и “7ми Мај-Леов” од Прилеп. 
 
Борачите на БК “Неготино” остварија забележителни резултати во неколку категории, односно:
1. Борачи родени 2000/01 (кадети)
Категорија: 69 кг. Андон Марковски – прво место
Категорија: 100 кг. Андреј Христов – прво место

2. Борачи родени 2002 и 2003 (деца) во следните категории:
Категорија: 47 кг. Петар Алтанџиев – прво место
Категорија: 59 кг. Васко Христов – второ место

3.Борачи родени 2004, 2005 и помали
Категорија: 32 кг. Алек Ѓорѓиев – прво место
Роберт Велков – трето место
Категорија: 38 кг. Роберт Стеванов – трето место
                              Далибор Василев – трето место
Категорија: 66 кг. Горан Додев – прво место

4.Борачи (женска конкуренција) родени 2005 и помали
Категорија: 40 кг. Стефани Николова – прво место

На турнирот беа доделени и посебни признанија за:
- Најдобар млад борач беше прогласен Ристе Ставрев од екипата на “Бучим” од Радовиш
- Најдобар техничар е Стефан Стојановски од “7ми Мај-Леов” од Прилеп и
- Најдобар борач на турнирот Алек Ѓорѓиев од домашната екипа на БК “Неготино” од Неготино

На најуспешните учесници на турнирот им беа доделени дипломи, пехари и медаљи.