Во организација на Општина Неготино на 12 септември (вторник) со почеток од 20 часот на градскиот плоштад во Неготино концерт ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец”. Ова ќе биде второ гостување на овој реномиран ансамбл во Неготино по 2014 година. Инаку, Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Концертот на фолклорниот ансамбл “Танец” претставува одлична можност за сите љубители на културата и македонската традиција да го посетат овој настан и да уживаат во професионалните изведби на неговите членови.
|