Концерт на националниот фолклорен ансамбл “Танец” во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Во организација на Општина Неготино на 12 септември (вторник) со почеток од 20 часот на градскиот плоштад во Неготино концерт ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија Танец. Ова ќе биде второ гостување на овој реномиран ансамбл во Неготино по 2014 година. Инаку, Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Концертот на фолклорниот ансамбл Танец претставува одлична можност за сите љубители на културата и македонската традиција да го посетат овој настан и да уживаат во професионалните изведби на неговите членови.