Отчет на градоначалникот Апостолов 2013-2017г.-РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО PDF Print
There are no translations available.

   На прес конференција градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го презентираше Отчетот за реализираните проекти и активности за времетраењето на неговиот мандат од 2013-та до 2017-та година. Под слоганот „РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО“ Апостолов информираше дека во изминатиот 4-годишен период во општина Неготино се реализирани вкупно 161 проект од кои 98 се од Програмата со која ја доби довербата на граѓаните и нови 63 проекти надвор од програмата кои се произлезени од потребите и барањата на локалното население. –„Мој и приоритет на општина Неготино во работењето во изминатиот период беше, е и ќе биде подобрување на состојбите со водоснабдувањето во градот и населените места-проблем кој е присутен со децении, тежок и комплициран за решавање, но сепак со бројни проекти реализирани за негово надминување“-истакна Апостолов и додаде дека е извршено хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење, заменета е повеќе од 70 години старата со нова водоводна мрежа на 10 улици во градот во должина од 8 километри по што следува секундарно приклучување на граѓаните на трошок на локалната самоуправа, кај Дуброво е заменет водоводот со нов во должина од 2,5 километри, Комуналец доби опрема за ефикасно откривање и санирање на дефектите, а се врши замена на старите со нови и онаму каде што ги нема се поставуваат водомери. Градоначалникот информираше дека се изградени 2 нови резервоари за вода во Тимјаник со зафатнина од 500 м3 и во Пепелиште од 250 м3, реактивиран е бунарскиот систем кај Пепелиште, надграден е паралелниот систем за наводнување на дворните површини во Неготино и во селото Криволак, како и бројни други проекти за надминување на овој со години присутен проблем во општината. На градскиот плоштад во Неготино се изгради нова и модерна фонтана.

 Апостолов ја запозна јавноста дека во изминатиот период во општина Неготино се формирани 3 индустриски зони од кои во ИЗ Црвени Брегови се продадени сите 17 парцели и од страна на инвеститорот се изведуваат работи за изградба на инфраструктурата и стопанските објекти, а голем инетерс за купување со оглед на одличната местоположба на нашата општина има и за Индустриската зона Неготино 1 на површина од 33 хектари и ИЗ Дуброво-Тремник на 85 хектари со што ќе се создадат услови за вработување на невработените лица, а стапката на невработеност која во моментов е најниска во последниве 20 години, уште повече ќе се намали.

 Градоначалникот истакна дека за 4 години се изградени 4 регионални патни правци и тоа Неготино-Криволак, Курија-Паликура, Тимјаник-Д.Дисан, а во завршна фаза е изградбата на патотоГ.Дисан-Вешје.Во општина Неготино асфалтирани се и бетонирани улици во должина од 5 км, на повеќе локации во општината е изградена неопходната инфраструктура, уредени се неколку урбани зони, а во 5 села и тоа Тимјаник, Д.Дисан, Курија, Војшанци и Тремник се изградени нови плоштади со поставена урбана опрема и осветлување.

Извршена е комплетна реконструкција на 2-те основни училишта во Неготино, како и на подрачните училишта во Д.Дисан, Тимјаник, Тремник, Војшанци, Курија и Црвени Брегови, со поддршка на општината успешно функционираат 7 игрални во исто толку населени места, комплетно се реконструирани двата клона на градинката Фемо Кулаков и обезбедена е локација за изградба на уште една нова градинка, изградени се 3 детски игралишта со реквизити, нови забавни паркови во градот и селата.

Во изминатиот 4-годишен период во Неготино во училиштата се изградија и функционираат две нови спортски сали, изградено е ново фудбалско игралиште, мултинаменско игралиште во Саат-кула и двоен тениски терен со тврда подлога, а редовно се дава поддршка и на спортските клубови и индивидуални спортисти од општина Неготино.

Во подолгото излагање, градоначалникот Апостолов информираше и за мноубројни други реализирани проекти и активности, а за кои граѓаните на општина Неготино ќе можат да се запознаат преку неговиот ОТЧЕТ кој веќе започна да се дели на локалното население од општина Неготино.