ПОТПИШАНА СПОГОДБА СО ,, ЛУДВИГ БОЛЦМАН ИНСТИТУТОТ ,, PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот ,, Социјално вклучување и човековите права во Македонија ,, општина Неготино и Лудвиг Болцман институтот за човекови права – Истражувачка асоцијација – Скопје потпишаа спогодба за соработка и кофинансирање за спроведување на споменатиот проект. Истиот е финансиран од Австриската развојна соработка, започна на 16.11.2009г. и ќе трае до 15.11.2012 година.

                                                                                                                                                                             
          Проектот ,, Социјално вклучување и човековите права во Македонија ,, -  Пристап заснован на човековите права – Од теорија во пракса цели кон поддршка на ПЗЧП во процесот на планирање на локалните и националните власти во чија надлежност се социјалното вклучување, социјалната заштита и намалувањето на сиромаштијата. Се очекува реализацијата на проектот да ги зајакне капацитетите на носителите на обврските на локално ниво во процесот на дефинирање на одговорностите и соодветните политики за остварување на зацртаните цели.
          Општина Неготино целосно го поддржува проектот и ќе обезбеди финансиски средства во износ од 2.000 евра во 2011 г. за спроведување на микро – проекти во приоритетни области. БИМ – ФВ е одговорен за целосно управување и дистрибуирање на средствата за микро – проектите, при што преку Австриската агенција за развој ќе обезбеди 5.000 евра, додека Министерството за труд и социјална политика при Владата на РМ ќе обезбеди 2.000 евра за спроведување на микро – проектот во општина Неготино.